Често поставувани прашања

Кој е минимум и максимум број на години за изнајмување на автомобил?

Минималната возраст за еден човек да биде во можност да изнајми возило е 21 година. Не постои вистински максимална возраст за да се изнајми автомобил. Одговорноста за способностите за возење ја препуштаме на изнајмувачот на возило.

Дали постојат дополнителни надоместоци доколку го вратам возилото на друга локација или во различно време?

Кога ќе направите резервација преку нашиот систем, должни сте да го подигнете и вратите возилото на местото и во времето кога имате назначено. Ако се врати возилото во различно време, доплатата изнесува 30 евра. Доколку пак на пример изнајмите возило во Скопје и истото го вратите во Охрид, доплатата изнесува 50 евра.

Дали е дозволено да се пуши во изнајменото возило?

Ние посветуваме многу време во грижа и чистење на нашите возила и затоа тие се во врвна состојба за нашите клиенти. Ова е причината зошто пушењето во внатрешноста на возилата е забрането.

Доколку патуваме со дете, дали е потребно да донесеме наше детско седиште или ќе ни обезбедите вие?

На барање на клиентот, Advace Rent a Car, ќе ви обезбеди детски седишта за изнајмениот автомобил кое ќе го добиете бесплатно. Сепак, ние често имаме промоции во нашата понуда, па ве молиме проверете ја вашата резервација и проверете дали детските седишта се на располагање бесплатно.

Дали ќе ни обезбедите GPS навигација кога изнајмуваме возило?

Да, ние нудиме GPS навигација со мапи од Македонија и соседните земји. Вообичаениот трошок е 3 евра на ден. Сепак, редовно имаме специјални понуди каде не наплаќаме за GPS уредот.

Кои се политиките за дополнителен возач?

Кога правите резервацијата, вие ја правите резервацијата за себе. Доколку Ви е потребен дополнителен возач, вообичаениот трошок е 2 евра на ден. Доколку се одлучите за дополнителен возач, ќе треба да доставите стандардни документи и за вториот возач, како на пример возачка дозвола и пасош.

Дали ми е потребна меѓународна возачка дозвола?

Доколку сте странец, ние не бараме меѓународна возачка дозвола за да ви изнајмиме возило, иако тоа е добра препорака да ја имате оваа меѓународна возачка дозвола во случај да сте запрени од полиција. Тие најверојатно ќе ви побараат ваква дозвола.
Можете ли да ми кажете нешто повеќе за осигурувањето и дали има дополнителни трошоци за ова?
Сите наши возила се осигурани од осигурителна компанија. Заради тоа ние не наплаќаме за оваа услуга дополнително.
Што значи осигурување на судир во износ поголем од 500€?
Ние сакаме нашите клиенти да се безбедни во текот на процесот на возење и се надеваме дека никогаш нема да се случи сообраќајна несреќа. Доколку сепак настане сообраќајна несреќа и штетата на изнајменото возило е над 500 евра, тогаш изнајмувачот на возилото не плаќа за оштетувањето, туку штетата ќе биде платена од страна на осигурителната компанија. Доколку штетата на изнајменото возило е под 500 евра, обврска на изнајмувачот на возило е да ја надомести направената штета врз возилото.
Што значи заштита од кражба во износ поголем од 500€?
Исто како и во претходното прашање, ако постои кражба во било кој дел на возилото и висината на штетата од кражба е под 500 евра, тогаш тоа е обврска на изнајмувачот на возилото да ја надомести штетата. Ако штетата настаната од кражба е повеќе од 500 евра, тогаш изнајмувачот на возилото не плаќа за настанатата штета од кражба, туку тоа го прави осигурителната компанија.
Што е осигурување со вишок над 200€?
Слично како и кај одговорите на претходните две прашања, со тоа што висината на сумата од направената штета како последица од оштетување е 200 евра. Тоа значи, дека доколку настане штета која е повисока од 200 евра, штетата ја надоместува осигурителната компанија. Доколку штетата е пониска од 200 евра, истата треба да биде надоместена од страна на изнајмувачот на возилото.
Дали постојат било какви трошоци за преминување граница?
Доколку сакате да возите со изнајменото возило надвор од Македонија, вообичаениот трошок за премин преку граница е 30 евра. Сепак, проверете за време на резервацијата дали имаме специјални понуди каде оваа услуга е бесплатна. Се разбира, доколку планирате да излегувате надвор од границите на Македонија, потребно е навремено да не известите како би ги подготвиле потребните документи.
Може ли да се прават промени на мојата резервација?
Да, се разбира. Откако ќе направите успешна резервација, на емаил адресата која ја имате наведено при процесот на резервирање, ќе добиете потврда дека резервацијата е успешна и во тој мејл, ќе добиете уникатен резервациски број кој може да го впишете на страната Моја Резервација и потоа да направите соодветна промена.
Дали наплаќате за откажување на направена резервација?
Не, Advance Rent a Car не наплаќа за откажување на направена резервација. Може да ја откажете вашата резервација во секое време.
Како да знам дали мојата резервација е успешна?
Откако ќе внесете информации за местото и времето на подигање и достава, ќе го изберете саканото возило ќе добиете потврда по емаил од нас. Ве молиме проверете го вашиот Inbox или Spam папка на вашата емаил адреса. Доколку во рок од 15 минути не добиете мејл од нас, Ве молиме пишете ни на: info@advance.mk или јавете се на нашите телефонски броеви и ние веднаш ќе се обидеме да Ви помогнеме.
Со почит Advance.